ЗА НАС
Шама Шпед ДООЕЛ е фирма специјализирана за организирање на транспортни и логистички решенија, чиешто седиште се наоѓа во градот Прилеп, Р. Македонија.
Фирмата организира меѓународен превоз на стока по воден, воздушен и друмски пат, , овозможувајќи брза и економична достава на стоката.
КОИ СМЕ НИЕ?
Шама Шпед ДООЕЛ е семејна фирма со богато искуство во областа на транспортот и логистиката. Како семеен бизнис нашиот заштитен знак е здрав раст и долгорочен успех, а нашата цел е секогаш да имаме задоволни клиенти. Одржливите инвестиции, блиските односи со нашите клиенти и брзиот процес на одлучување се столбови на нашата корпоративна стратегија.
Визија
Да ги поврзуваме луѓето, фирмите и заедниците со паметни логистички решенија, кон подобра иднина.
Мисија
Да овозможуваме иновативни транспортни и логистички решенија коишто ќе доведат до раст на ефикасноста и скратување на времето за испорака и трошоците. Наша цел е да им го олесниме животот на нашите клиенти.
Вредности
Нашата услужно ориентирана култура се базира на нашите основни вредности коишто се столб за градење на долги и добри врски со нашите клиенти и со вработените.
УСЛУГИ
Логистиката не претставува само товарање на стоката во возилото и нивна достава до крајната дестинација, туку подразбира и планирање и менаџирање на целиот транспортен процес, со цел да се задоволат барањата на клиентите и транспортот да се изврши со најсоодветни средствата, по најкратка можна релација, за најкус можен временски рок и со најниска цена.
Our main services include:
Како фирма којашто е специјализирана за организација на транспорт и логистика, работиме со различен вид клиенти, од големи мултинационални компании, па сѐ до мали бизниси. Помеѓу нашите клиенти имаме многу трговски фирми, фирми коишто припаѓаат на различен вид индустрија, приватни или јавни организации… Особена чест ни е што имаме голем вариетет помеѓу нашите клиенти.