КАМИОНСКИ ТРАНСПОРТ
Организирање комплетни утовари – ангажирање на цел шлепер
Услугата е достапна и за обичен вид стока и за опасна АДР стока.
Организирање збирен транспорт
Збирниот транспорт овозможува со едно возило да се превезуваат различни пратки коишто доаѓаат од различни испраќачи до различни приемачи. Користејќи го овој вид транспорт ќе имате финансиски бенефит од ефикасната и економичната употреба на капацитетот на возилото.
Организирање превоз со возила ладилници
Превозот со возило ладилник е најдобрата опција во случај кога треба да се превезува стока чиишто карактеристики ја прават лесно расиплива, како на пример, различни видови храна, лекови и сл.
Организирање транспорт на добра со специфична големина или тежина
На барање на нашите клиенти ние организираме превоз на добра со посебна големина или тежина, насекаде ширум светот. Во зависност од стоката превозот го организираме со специјални возила, на пример платформи (отворени камиони), со возила со поголема носивост или со поголема висина и ширина.
Организирање транспорт на стока со комбе-возило или со соло-возило
Организирање внатрешен транспорт во Република Македонија
АВИОНСКИ ТРАНСПОРТ
Авионскиот транспорт е најбрзиот вид транспорт. Доколку работите со прецизни рокови на испораката и немате време за губење или, пак, доколку сакате да испратите стока со многу голема вредност, авионскиот транспорт е најсоодветниот избор во такви ситуации. Без оглед на тоа до каде треба да се испрати Вашата стока, таа ќе стигне на одредената дестинација брзо и безбедно. Со нашите високи стандарди на работа создаваме решенија коишто прецизно ќе му соодветстуваат на Вашиот канал на дистрибуција.
БРОДСКИ ТРАНСПОРТ
Бродскиот транспорт е еден од најбезбедните и најпопуларните начини на транспортирање. Моментално на бродскиот транспорт му припаѓаат околу 80% од вкупниот светски транспорт. Тој е еден од најекономичните начини на транспортирање, особено помеѓу далечни земји, којшто вклучува превоз на многу големи и многу тешки товари. Употребата на контејнер за превоз на добрата овозможува превентивна заштита при лоши временски услови или оштета од кој било вид.
Ние Ви нудиме:
– организирање превоз со цел контејнер само со Ваша стока и
-организирање збирен транспорт (збирен контејнер).
МУЛТИМОДАЛЕН ТРАНСПОРТ
Шама Шпед ДООЕЛ организира мултимодален вид транспорт. Стоката се товара директно во контејнер или се претовара од камион во контејнер и во овој случај се транспортира и по патен и по морски пат. Познат е исто така и како комбиниран транспорт.